Ве информираме дека во микробиолошката лабораторија при ЦЈЗ Куманово е достапен тестот PNEUMOSLIDE® тест преку крв за истовремено откривање на антитела кон 9 видови бактерии и вируси, причинители на инфекции на дишните патишта , кои не се откриваат со класични методи. Принцип на индиректна имунофлуоресценција, за детекција на IgM и IgG антитела кон следните предизвикувачи […]
Директорот на Центарот за јавно здравје Куманово, Херолинд Сакипи, учествуваше на средба со менаџментот на Фондот за здравствено осигурување за буџетот за 2025 година. Буџетот за 2025 година е највисокиот буџет што Центарот за јавно здравје Куманово некогаш го имал како институција.
Со големо задоволство денеска во просториите на ЈЗУ Центар за јавно здравје Куманово им се додели Награда и Благодарница за НАЈДОБАР ВРАБОТЕН НА ГОДИНАТА на ЈЗУ Центар за јавно здравје Куманово. На ден 17.12.2024 по претходна донесена Одлука за организирање и критериуми за избор и доделување на награда за најдобар вработен на годината на ЈЗУ […]
Директорот на Центарот за Јавно Здравје Куманово Херолинд Сакипи, заедно со својот тим, реализираше посета на Подрачните единици во Крива Паланка и Кратово. За време на оваа посета, тие имаа можност да ги разгледаат одблиску условите во кои работат вработените во овие единици. Главната цел на посетата беше да се идентификуваат можностите за зголемување на […]
Директорот на Центарот за јавно здравје Куманово учествуваше на состанокот со директорите на Центрите на ниво на држава и Институтот за јавно здравје. Се дискутираше за досегашната соработка и за периодот што следува.
Директорот на Центарот за јавно здравје Куманово, Херолинд Сакипи, на конструктивен состанок со директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Гранит Османи, дискутираа за можностите за соработка помеѓу двете институции. Ова партнерство има потенцијал да го зајакне комуникацијата и информирањето на граѓаните, обезбедувајќи подобар пристап до здравствени услуги. Зголемувањето на свесноста за јавното здравство, преку […]
Посета на Лабораторија за контрола на прехранбени производи Денес, имавме чест да ја посетиме Лабораторијата за контрола на прехранбени производи при Универзитетот во Тетово. Средбата со раководителот на лабораторијата, проф. д-р Исмаил Ферати, беше многу продуктивна, на која разговаравме за можностите за соработка меѓу двете институции. За време на посетата, имавме можност да ги разгледаме […]