За Центарот

Директор
Херољинд Сакипи Специјалист по правни науки
Маил: hsakipi@cjzkumanovo.mk
Јавното здравје е систем од знаења и вештини за спречување на болести, продолжување на животот и унапредување на здравјето преку организирани напори на општеството. ЈЗУ Институт за јавно здравје на Република Македонија како национална здравствена институција е првата линија на реализацијата на таквата цел,која ја реализира преку обезбедување на соодветен ниво на извонредност во процесот на пружање своите услуги , засновани на највисокиот степен на знаење кое е достапно и применливо во Република Македонија начелата на :
- Одговорност за здравјето на населението и водечката улога на државата во зачувување и унапредување на здравјето на населението.
- Сеопфатност на мерки и активности со фокус на населението како целина и на одделни социјални групи и кон социоекономските детерминанти на здравјето и најзначајните фактори на ризик.
- Меѓусекторска соработка, мултидисциплинарен и интердисциплинарен пристап за унапредување на здравјето – кој се постигнува со постојано подобрување на соработката со здравствени установи вклучени во областа на јавното здравство со други учесниците во јавното здравје.
4. Научна основа и сеопфатност во собирањето на податоци преку квантитативни и квалитативни методи – што значи активност на јавно здравство врз основа на научно докажани и проверени методи и процедури кои се користат со цел да се промовира и да се зачува здравјето на населението.
5. Партнерство со населението и зајакнување на граѓанските иницијативи во областа на јавното здравје – кои се реализираат зголемување на свеста за важноста на грижата за сопственото здравје.
6. Ефикасноста и ефективноста во јавното здравје – кои се реализираат со постигнување на најдобри можни резултати во однос на расположливите финансиски ресурси, односно постигнување на највисоко можно ниво на здравје со најниска потрошувачка ресурси.

Зебибе Деари
Главна медицинска сестра - Дипломирана медицинска сестра
Дејност
Дејноста на Центарот за јавно здравје Куманово е превентивна здравствена заштита, која опфаќа вршење на работите на санитарно-хигиенска, епидемиолошка, лабораторија и социјално-медицинска дејност за подрачјата на општините Куманово, Крива Паланка, Кратово, Старо Нагоричане, Липково и Ранковце
Центарот е дел од мрежата на Јавно здравје, која е составена од јавните здравствени установи-центри за јавно здравје, кои ја вршат дејноста на јавно здравје на сите нивоа на здравтвена заштита, чија стручна работа е координирана од Јавната здравствена заштита – Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија.
Дејноста ја врши врз основа Законот за здравствена заштита и национална годишна програма за јавно здравје.
На работниците од јавното здравје се применуваат одредбите на законот со кои се уредуваат заштитата од заразни болести, безбедноста на храна, безбедноста на здравјето при работа, заштитата на животната средина, како и други прашања од интерес на јавното здравје утврдени со Законот за јавно здравје и со друг закон.