Одделение за хигиена со здравствена екологија

Д-р. Бедри Вељиу
Раководител на Одделение за Хигиена со здравствена екологија
- Отсек за здравствено-хигиенски прегледи, училишна хигиена и исхрана
- Отсек за комунална хигиена и безбедност на храна со здравствена екологија
- Отсек за санитарна хемија
- Отсек за токсиколошка хемија
Непристапност
Активностите во Одделението за хигиена со здравствена екологија:
Отсек за комунална хигиена и безбедност на храна со здравствена екологија, Отсек за санитарна хемија, Отсек за токсиколошка хемија и Одделението Лабораториска дејност со Отсек за Санитарна микробиологија и Отсек за медицинска микробиологија со паразитологија, Отсек за серологија и молекуларна дијагностика се изведуваат непристрасно и се структуирани и управувани на тој начин да обезбедат непристрасност.
Лабораторијата е одговорна за непристрасноста на своите лабораториски активности и не дозволува комерцијални, финансиски и други притисоци да ја компромитира непристрасноста.
Раководството на лабораторијата е исто така посветено на непристрасноста.
Лабораторијата ги идентификува ризиците на нејзина непристрасност кои произлегуваат од нејзината активност, или од нејзината поврзаност, или со поврзаноста на нејзиниот персонал, на тековна основа и ги елиминира и/или минимизира.
Доверливост
Лабораторијата е одговорна, преку законски извршни обврски, за управување на сите информации добиени или создадени во текот на изведувањата на лабораториските активности.Лабораторијата ги информира однапред клиентите за информациите кои има намра да ги направи јавно достапни. Сите други информации се сметаат за заштитени информации и се сметаат за доверливи. Информациите за корисникот на услугата добиени од извори различни од корисникот на услигата, се доверливи помеѓу лабораторијата и корисникот на услугата. Давателот на оваа информација е доверлив на лабораторијата и не се спроведува со корисникот на услугата. Давателот на оваа информација е доверлив на лабораторијата и не се спроведува со корисникот на услугата, освен ако не е договорено со давателот на информацијата.
Ресурсни барања
Во отсеците:
- Лабораторија за санитарна хемија
- Лабораторија за токсиколошка хемија
- Лабораторија за санитарна микробиологија
- Комунална хигиена и безбедност на храна со здравствена екологија
се изведува узорцирање на вода како и на физичко-хемиски и микробиолошки испитувања на храна и вода и тоа на:
- Месо и производи од месо
- Жито, млечни и пекарски производи, тестенини и брзо замрзнати теста
- Млеко и производи од млеко
- Вода за пиење
- Зеленчук и овошје
- Минерална вода и пијалоци
- Слаткарски производи
- Риба и аква култури
Отсеците самостојно, компетемтно, независно и непристапно ги реализираат работите на узорцирање на вода и тестирање на храна и вода, според валидирани методи, домашни и меѓународни стандарди и важечка законска регулатива.
За задоволување на барањата на корисниците, барањата на стандардот ИОС/ИЕЦ 17025 и Политиката за квалитет, отсеците располагаат со сите потребни ресурски:
- Стручен и обучен персонал
- Соодветна работна средина (за изведување на тестирањата)
- Соодветни методи за тестирање
- Калибрирана опрема
- Рееферентни материјали
- Следливост на мерењата
- Систем и постапка за обезбедување на техничка компетентност и доверба во квалитетот на резултатите од тестирањата
Придонесот на овие ресурси во обезбедувањето на техничката компетемтност на отсеците е предмет на постојано преиспитување и подобрување.
Раководителите на оѕсеците се задолжени за идентификација, правилна распределба и употреба и развој на битните ресурси за тестирање на храна и вода.