Посета на Лабораторија за контрола на прехранбени производи
Денес, имавме чест да ја посетиме Лабораторијата за контрола на прехранбени производи при Универзитетот во Тетово.
Средбата со раководителот на лабораторијата, проф. д-р Исмаил Ферати, беше многу продуктивна, на која разговаравме за можностите за соработка меѓу двете институции.
За време на посетата, имавме можност да ги разгледаме просториите и опремата на лабораторијата. Констатиравме дека опремата за контрола на храната е софистицирана и современа. Проф. Ферати не информираше дека лабораторијата неодамна е акредитирана според стандардот ISO 17025:2018, што е важно достигнување кое покажува ангажман за квалитет и професионалност во оваа област.
