Директорот на Центарот за Јавно Здравје Куманово Херолинд Сакипи, заедно со својот тим, реализираше посета на Подрачните единици во Крива Паланка и Кратово.
За време на оваа посета, тие имаа можност да ги разгледаат одблиску условите во кои работат вработените во овие единици.
Главната цел на посетата беше да се идентификуваат можностите за зголемување на продуктивноста на работата и да се дискутира за проширување на професионалниот кадар.
Директорот и неговиот тим изразија ангажман за поддршка на подобрување на работните услови и за обезбедување неопходни ресурси за понатамошен развој на медицинскиот персонал.


